Државните музеи во Берлин вратија човечки останки и гробни предмети на Хаваите, објави оваа недела фондацијата која управува со музеите во германската престолнина.
Пруската фондација за културно наследство објави дека артефактите биле предадени пред неколку дена на Хуи Иви Куамо, организација посветена на репатријација на хавајски артефакти.
Човечките черепи од Хаваи се во сопственост на Музејот за праисторија и рана историја во Берлин од 2011 година, додека гробните предмети се во сопственост на Берлинскиот етнолошки музеј околу 135 години.
Гробните предмети, кои вклучуваат копје и два садови, се од колекцијата на Едвард Арнинг, за кој се верува дека ги зел од погребните пештери на Хаваи околу 1885 година.
„Тајно влегол во пештерите за да не го видат Хавајците“
„Арнинг во своите белешки наведува дека влегол во пештерите тајно и намерно избегнувал да биде виден од Хавајците, кои сигурно нема да ги одобрат неговите постапки“, се вели во соопштението на фондацијата.
Германските музеи веќе извесно време враќаат артефакти, од кои некои биле незаконски конфискувани за време на колонијалната ера.
Минатата година државните музеи во Берлин им вратија дел од човечките останки на претставниците на Хаваите.