Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека нејзиното планирано еднонеделно патување во индо-пацифичкиот регион мора да биде откажано поради механички проблеми со владиниот авион.
Бербок на платформата Икс, порано позната како Твитер, напиша дека и е невозможно да го продолжи патувањето поради неисправниот авион.
Авионот во понеделникот двапати се обиде да отпатува од Абу Даби, но беше принуден да се врати од безбедносни причини поради технички дефект, напиша портпаролот на германското Министерство за надворешни работи на платформата X.
Бербок требаше да патува во Австралија, Нов Зеланд и Фиџи, објави Ројтерс.
Бербок, исто така, мораше да го откаже патувањето за да се сретне со нејзиниот британски колега Џејмс Клеверли минатата година поради лошите временски услови.
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го пропушти отворањето на самитот на Г-20 во Аргентина во 2018 година поради сериозен дефект на владиниот авион поради кој тој мораше да слета непланирано, пренесува Танјуг.