Белоруски политички активист со месеци во затвор во Белград

Сподели со своите пријатели

Андреј Гњот, политички активист и противник на белорускиот режим, веќе четири месеци се наоѓа во Окружниот затвор во Белград и чека одлука на српските судови дали ќе биде екстрадиран во Белорусија поради, како што е наведено во потерницата на Интерпол, даночно затајување во Белорусија, пренесува Дојче веле.

Loading...

По претседателските избори во Белорусија во 2020 година, Гњот го основа Слободното здружение на спортисти на Белорусија, кое КГБ го назначи како екстремистичка организација.

Гњот во завчерашното сведочење пред Апелацискиот суд во Белград, првпат призна дека е еден од тројцата основачи на таа организација, што досега не го сторил поради страв од одмазда.

„Го создадов логото, ја отворив страницата на Инстаграм, јас сум идеолошки лидер на организацијата“, изјави тој.

Поради неговата организација, Белорусија беше лишена од домаќинството на Светското првенство во хокеј, а Меѓународниот олимписки комитет го суспендираше финансирањето на Белорускиот национален олимписки комитет, на чело на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

„Успеавме во она што не успеаја ниту политичарите – му зедовме една фотелја на диктаторот“, рече Гњот.

Но, адвокатот на организацијата Александар Данилевич е осуден на 10 години затвор, а казнети се и другите членови на организацијата.

Го донесоа во Белград

Во јуни 2021 година, тој добил информација дека државата дознала за неговото учество во активности на опозицијата и сфатил дека мора да побегне од Белорусија.

Loading...

Прво заминал во Русија, а потоа во Тајланд.

Тој во октомври минатата година дошол во Србија на службен пат, а таму бил приведен веднаш по слетувањето на белградскиот аеродром.

Не знаел дека по него е распишана меѓународна потерница.

Повисокиот суд одлучи дека се исполнети условите за негово екстрадиција во Белорусија, но неговиот правен тим поднесе жалба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

„Нашето барање се заснова на формални причини бидејќи Вишиот суд во Белград не го сослуша Андреј Гњот кога тоа требаше да го направи. Исто така, веруваме дека постојат докази дека таму нема да добие хуман третман“, објасни адвокатот Филип Софијаниќ.

Гњот првпат зборуваше само на рочиштето пред Апелациониот суд. Тој ја изнесуваше својата одбрана речиси еден час, детално опишувајќи го односот на белоруските власти кон политичките противници.

„Во Белорусија ме чека маченичка смрт. Во Белорусија нема закон, нема заштита и нема независно судство. Секој што е против владата ќе биде затворен, мачен и понижуван“, тврди тој.

„Судењето е маска за политички процеси“

Гњот се спореди и со Алексеј Навални, неодамна починатиот руски опозициски политичар.

Loading...

„Диктатурата во Белорусија е до лактите во крв и мојот живот е во ваши раце. Србија не треба да има крвави раце поради белоруските власти“, додаде Гњот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Гњот во Белорусија е обвинет за даночно затајување од околу 300.000 евра, но тој тврди дека никогаш не добил покана за таа постапка и дека даночното затајување е „покритие за политичките процеси“ и дека ова не е прв случај властите да го користат истиот член од даночниот закон за пресметка со неистомисленици.

Според адвокатите на Гњот, овој закон нема основа бидејќи се применува ретроактивно. Имено, Гњота се товари за дело што наводно го сторил во периодот од 2012 до 2018 година, а даночниот закон врз основа на кој се гони стапил во сила дури во 2019 година.

Одлуката на апелациониот суд се очекува за 20 до 30 дена.