Бела куќа: Сојузните држави не смеат да го ограничуваат пристапот до апчиња за абортус

Сподели со своите пријатели

Прес секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер денеска изјави дека е „опасно и неприфатливо“ избраните функционери да одлучуваат дали жените ќе имаат пристап до федерално одобрени лекови.

Loading...

Таа реагирала на овој начин на потегот на Walgreens, вториот по големина синџир аптеки во САД, кој во четвртокот објави дека нема да издава апчиња за абортус во 20 американски држави, пренесува Reuters.

Јавните обвинители во овие држави му рекле на Walgreens дека издавањето апчиња за абортус, дури и преку пошта, би било кршење на законот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА