Маж кој избегал од австралиски затвор пред повеќе од 10 години се предал на полицијата во Салзбург, со објаснување дека му здодеал животот на Канарските острови, соопштила полицијата.
Loading...
Шеесет и четиригодишникот во сабота навечер, носејќи два куфери, влегол во полициска станица на железничката станица во Салзбург и објаснил дека е избеганиот затвореник и дека штотуку пристигнал од минхенскиот аеродром.
Изјавил дека 10,5 години минал на Тенерифи, јавува АП.
Мажот рекол дек аодлучил да се врати бидејќи шпанскиот остров „не е убав како некогаш и затоа што доволно долго живеел таму“.
Полицијата потврдила дека навистина станува збор за избеганиот затвореник, по што е префрлен во затвор.
Фото: пиксабеј