Во Општа болница Куманово во текот на вчерашниот ден биле донесени четири лица на кои им се направени специјалистички прегледи, при што биле извршени сите потребните иследувања и интервенции и им е дадена соодветна терапија.
На Инфективното одделение завршило и бебе родено во 2015 година во Авганистан, со симптоми на акутен Ентероколитис, односно воспаление на тенкото и дебелото црево.
Откако биле завршени прегледите и им била укажана лекарска помош сите биле вратени во Транзитниот центар Табановце.
Од страна на Зентарот за јавно здравје – Куманово велад дека се следи епидемиолошката состојбa и засега нема компликации.
Инаку залучно вчерашниот ден во кампот биле регистрирани вкупно 1.038 бегалци, додека на граничната линија повеќе нема никој.