Барселона планира да ги затвори сите апартмани за туристи

Сподели со своите пријатели

Градската управа на Барселона соопшти дека до 2028 година ќе забрани издавање станови на туристи, со што сака да го спречи растот на трошоците за домување и да им овозможи на граѓаните нормално да живеат во својот град, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Loading...

Левичарскиот градоначалник на градот, Жауме Колбони, рече дека до ноември 2028 година, Барселона ќе ги одземе лиценците на 10.101 станови кои моментално се лиценцирани за краткорочно изнајмување.

„Се справуваме со она што го сметаме за најголем проблем на Барселона“, рече Колбони на настанот на градската влада, пренесе Ројтерс.

Проширувањето на краткорочните изнајмувања во Барселона, најпосетуваниот град во Шпанија, остави некои граѓани да не можат да си дозволат кирија откако кириите се зголемија за 68 отсто, а цените на имотот за 38 отсто во изминатите 10 години, рече градоначалникот.

Пристапот до домување стана двигател на нееднаквоста, особено за младите луѓе, додаде Колибони.

Локалните власти воведоа ограничувања за краткорочно изнајмување на Канарските Острови, Лисабон и Берлин во последните 10 години.

Шпанската социјалистичка министерка за домување Изабел Родригез рече дека ја поддржува одлуката на градските власти на Барселона.

„Се работи за тоа да се направи се што е потребно за да се гарантира прифатливо домување“, објави Родригез на социјалната мрежа X.

Loading...

Airbnb, платформата за изнајмување станови, не одговори на барањето за коментар, според Ројтерс.