Баро: Ќе ја повикаме ЕУ да одговори на најновите најавени царини на Трамп

Сподели со своите пријатели

Франција ќе ја повика Европската унија да одговори на најновите царини објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

Loading...

Тој за телевизијата TF1 изјави дека Франција и нејзините европски партнери не треба да се колебаат да ги бранат своите интереси пред заканите од американските царини.

Трамп синоќа изјави дека планира денеска да објави царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД.

Тој изјави дека овие даноци ќе важат за „секој челик и алуминиум што ќе влезе во САД“ и додаде дека ќе објави „реципрочни тарифи“ за одредени земји „во вторник или среда“ кои ќе стапат на сила „речиси веднаш“ по објавувањето, но не прецизираше кои земји ќе бидат цел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новите царини на Трамп: Од каде САД увезуваат челик и алуминиум?

За време на неговиот прв мандат, Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум од Канада, Мексико и ЕУ, но една година подоцна беше постигнат договор со Канада и Мексико за укинување на тие царини, додека даноците за увозот од ЕУ останаа на сила до 2021 година.