Балтичките земји им забрануваат влез на Русите

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Летонија, Едгарс Ринкевичс објави дека балтичките земји постигнале начелен договор за забрана за влез на руски државјани во тие земји.

Loading...

„Балтичките земји (Естонија, Летонија и Литванија) постигнаа договор за значително ограничување (со некои исклучоци) на граничниот премин за граѓаните на Руската Федерација кои имаат шенген визи. Конечните одлуки ќе ги донесат националните влади според нивните национални процедури и ќе стапат во сила во исто време“, напиша шефот на дипломатијата Едгарс Ринкевичс на Твитер.

Трите балтички држави треба да ја воведат забраната до средината на септември, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен американски разузнавач: Инвазијата на Путин беше почеток на Третата светска војна

Влезот ќе биде дозволен за оние кои патуваат од хуманитарни или семејни причини, за возачи на камиони и дипломати.

Директните летови меѓу Русија и ЕУ беа откажани по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, оставајќи ги Русите со намалени опции за патување во Унијата.

Да потсетиме, голем број европски земји како Финска, балтичките земји и Чешка се за целосна забрана за влез на руски државјани во Шенген зоната.

Литванија веќе престана да издава визи за Русите по почетокот на инвазијата на Украина, а истото го направија и Естонија и Летонија, додека Финска ги заострува правилата.

Германија и Франција, во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи во Прага, рекоа дека руските туристи не треба да бидат спречени да го посетат блокот, а особено „трансформативната моќ на искуството од прва рака на живеење во демократски системи не треба да биде потценети, особено за идните генерации“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: На Зеленски не се потребни граѓаните на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.