Самит на ЕУ и Западен Балкан на 25 ноември во Брисел

Сподели со своите пријатели

Лидерите на Европската Унија и Западен Балкан ќе се сретнат на 25 ноември во Брисел, објави денес Европскиот совет, нагласувајќи дека самитот ќе биде можност да се потврди важноста на партнерството меѓу ЕУ и регионот.

На состанокот Европската Унија ќе ја претставуваат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кои повторија дека иднината на Западен Балкан лежи во Европската Унија.

„Нивниот пристап е наш приоритет, наша заедничка амбиција и клучна геополитичка инвестиција во овие бурни времиња. ЕУ е и ќе остане најсигурен партнер во овој регион“, рече Кошта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПРОТЕСТИ СЕ ШИРАТ: Околу 50.000 студенти и професори излегоа на улиците во Виена (ВИДЕО)

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека самитот ќе биде можност да се потврди посветеноста на европската перспектива на Западен Балкан, но и да се охрабрат партнерите од регионот да ги забрзаат реформите и да ги исполнат обврските неопходни за напредок во процесот на пристапување.

Лидерите ќе го разгледаат досегашниот напредок во постепената интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, особено преку спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан.

Се очекува да се разговара и за можностите за понатамошно подобрување на тој процес, како и за заедничките предизвици и начини за зајакнување на безбедноста и отпорноста на регионот во сè посложена геополитичка средина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грција ги забранува социјалните мрежи за деца под 15 години

Претходниот самит на Европската Унија и Западен Балкан се одржа на 5 јуни годинава во Тиват.