Бајден реториката на Трамп ја нарече нацистичка

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, ја спореди реториката на неговиот претходник Доналд Трамп со онаа на нацистите и предупреди дека доколку Трамп победи на изборите следната година, ќе го искористи вториот претседателски мандат за „одмазда и казна“.

Loading...

„Има многу причини да се биде против Доналд Трамп“, им рекол Бајден на донаторите на кампањата во Сан Франциско, додавајќи дека тој не треба да биде претседател, според Си-Ен-Ен.

Републиканскиот претседателски кандидат, Трамп, неодамна го употреби зборот „штетици“ за да ги опише своите политички ривали во говорот што го одржа во Њу Хемпшир, што Бајден го поврзува со терминологијата што ја користеа нацистите во 1930-тите.

„Ќе ги искорениме комунистите, марксистите, фашистите и радикалните леви насилници кои живеат како штетници во нашата земја“, рече Трамп изминатиот викенд и во таа прилика дополнително предупреди дека вистинската закана не доаѓа од радикалната десница, туку од радикално лево крило.

Во своето обраќање до донаторите, Бајден се осврна и на друга неодамнешна изјава на Трамп во која тој ги критикуваше недокументираните имигранти.

„Трамп неодамна зборуваше за труење на американска крв, што исто така има призвук на фрази што ги користат германските нацисти“, рече Бајден.

Актуелниот американски претседател го критикуваше и својот претходник за неговите вербални напади врз Пол Пелоси, сопругот на Ненси Пелоси, поранешната претседателка на американскиот Конгрес.

Коментирајќи го добриот резултат од минатонеделните предизборни анкети, Бајден рече дека тие претставуваат сигнал дека неговата агенда добро одекнува.

Loading...

„Новинарите и експертите можат да бидат изненадени од неа колку што сакаат. Но, откако излегов од маргините за да му се спротивставам на Доналд Трамп, не престанавме да се кандидираме и тој не престана да губи“, заклучи Бајден, пренесе Танјуг.