Бајден: Нуклеарен напад од Северна Кореја би бил самоубиство на тој режим

Сподели со своите пријатели

Нуклеарен напад од Северна Кореја би бил самоубиство на тој режим, изјави американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа со јужнокорејскиот претседател, кому му вети цврста поддршка и одговор на секој нуклеарен напад од Пјонгјанг.

Loading...

САД ќе одговорат на секој нуклеарен напад од Северна Кореја, изјави јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол на прес-конференцијата во Белата куќа со својот домаќин.

Бајден и Јун ја искористија првата официјална посета на јужнокорејскиот лидер на Белата куќа по повеќе од една деценија за да испратат предупредување до Пјонгјанг.

„Нашите две земји се согласија на итни билатерални претседателски консултации во случај на севернокорејски нуклеарен напад и ветија дека ќе одговорат брзо, сеопфатно и решително користејќи го оружјето на алијансата, вклучително и американското нуклеарно оружје“, рече Јун.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

Бајден ја повтори американската понуда до Северна Кореја да води дипломатски преговори за нуклеарната програма, понуда што севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја игнорира.

Забрзаниот развој на оружје на Северна Кореја – кој вклучува балистички ракети способни да стигнат до американски градови – покренува прашања за тоа дали САД навистина би користеле нуклеарно оружје во одбрана на Јужна Кореја за „одвраќање“.

Анкетите во Јужна Кореја ја откриваат желбата на мнозинството жители Сеул да има своја нуклеарна бомба, но Вашингтон се противи на тоа.

Темите на самитот беа сајбер безбедност, електрични возила, батерии, квантна технологија, странска помош и економски инвестиции.

Loading...

Според новата „Вашингтонска декларација“, САД ќе ` дадат на Јужна Кореја подетален увид во планирањето програма за одвраќање и одговор на каков било нуклеарен инцидент преку групата наречена Нуклеарна консултативна група САД-РОК, рекоа американски официјални лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Вашингтон ќе распореди импресивна воена технологија, вклучително и нуклеарна подморница, во Јужна Кореја како демонстрација на мускули, изјавија американските власти. Тоа ќе биде прва ваква подморница во Јужна Кореја од 1980 година.

Бајден и Јун ветија дека ќе ја зајакнат соработката во регионот на Југоисточна Азија и Пацификот, пренесува агенцијата Јонхап.

САД неодамна ги зајакнаа одбранбените врски со Австралија, Јапонија и Филипините

Бајден и Јун рекоа дека силно се противат на едностраните обиди за промена на статус квото во регионот, што е порака до Кина да не презема чекори за промена на политичкиот статус на Тајван.

Претходно во април, Кина одржа интензивни воени вежби околу Тајван и тврди дека има право на територија и никогаш не ја отфрли можноста за употреба на сила за да го стави демократскиот остров под своја контрола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари