Бајден: Нема да се откажам од борбата против епидемијата на оружено насилство

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден се огласи по пукањето во Чикаго и изрази шокираност од вооружениот напад на парадата на 4 јули во Хајленд Парк, Илиноис.

Loading...

– Има уште многу работа и нема да се откажам од борбата против епидемијата на вооружено насилство – рече тој.

Да потсетиме дека најмалку шест лица загинаа, а 24 се ранети во пукотницата за време на парадата по повод Денот на независноста на САД во предградието на Чикаго, Хајленд Парк, соопштија официјални лица.