Бајден го помилува својт син и го спаси од затвор

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека го помилувал својот син Хантер Бајден во судската постапка против него за даночни прекршувања и во врска со носење огнено оружје, а својата одлука ја оправда со тврдењето дека неговиот син бил подложен на неправедно гонење.

Loading...

Бајден рече дека потпишал помилување за неговиот син Хантер во неделата, иако откако ја презеде функцијата рече дека нема да се меша во одлуките донесени од судовите и Министерството за правда.

Тој изјави дека до сега останал на таа одлука, иако, како што навел, гледал како неговиот син „неправедно го гонат“, пренесе Ројтерс.

Во помилувањето се наведува дека Бајден му дал „целосно и безусловно“ помилување на Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014 година и 1 декември оваа година.

Бајден оцени дека Хантер бил кривично гонет само затоа што е негов син.

Хантер Бајден се изјасни за виновен за даночни прекршувања и беше осуден за обвинение за огнено оружје, откако даде лажна изјава дека не користи дрога кога добил дозвола за оружје.

Тој се изјасни за виновен за затајување данок од 1,4 милиони долари во септември, а пресудата во тој случај беше закажана за 16 декември.

Белата куќа постојано најавуваше дека Бајден нема да го помилува или да ја ублажи казната на неговиот син Хантер.

Loading...

Републиканците ја критикуваа одлуката на Бајден да го помилува својот син.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека со помилувањето на Хантер, Бајден ја злоупотребил својата положба и овластувања и со тоа спречил правдата да биде задоволена.

Трамп на својата социјална мрежа Truth Social праша зошто оние кои беа осудени за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година не беа помилувани бидејќи не ги признаваат резултатите од претседателските избори според кои победи Бајден.