Бајден денеска на прес-конференција. Бела куќа: Тој е големо момче

Сподели со своите пријатели

Џо Бајден, кој се бори за политички опстанок со секое појавување во јавноста, во четврток се соочува со непријатен тест за неговата претседателска кандидатура – прес-конференција, обврска која баш и не ја сака.

Loading...

Но, Белата куќа ветува дека тоа ќе биде „прес-конференција на големо момче“, без детали за тоа како ќе се одвива.

Изборот на зборовите на медиумската претставничка на Белата куќа, Карина Жан-Пјер за Бајден како „големо момче“ сугерира дека неговата средба со претставниците на медиумите сега ќе биде поинаква, за разлика од кратките прашања и одговори, главно кога прима странски државници и доставени прашања од однапред определени новинари, најмногу четворица.

Прес-конференцијата е закажана за 23:30 часот по средноевропско време, а Бајден ќе мора јасно да се изрази со самоуверен глас и да зборува без ноти или блезиметар.

Накратко, тој мора да направи се што не можеше да направи на 27 јуни на дебатата со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, со кој ќе се соочи на претседателските избори на 5 ноември.

Сенаторот директно го повика Бајден да се повлече од трката

По фијаското во дуелот со Трамп, 81-годишниот демократ не успеа да ги смири стравувањата во редовите на неговата партија, која се прашува дали Бајден сепак може да ја води земјата.

Во средата, Питер Велч од Вермонт стана првиот демократски сенатор кој директно го повика Бајден да се „повлече од трката“ за Белата куќа за „доброто на земјата“.

На тој повик се приклучија неколку демократи во Претставничкиот дом и актерот Џорџ Клуни, кој собира пари за кампањата на демократите во Холивуд.

Loading...

И Пелоси го повика Бајден да „донесе одлука“

Некои големи имиња во Демократската партија, вклучително и поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, го повикуваат Бајден да „донесе одлука“, што имплицира дека таа што веќе ја донел не е нужно добра.

Како што објави Аксиос, лидерот на мнозинството во Сенатот, демократот Чак Шумер, наводно приватно им сигнализирал на донаторите дека е отворен за идејата за замена на Бајден со друг кандидат.

Сепак, неговата канцеларија во средата објави дека Шумер го поддржува Бајден за да го победи Доналд Трамп во ноември.

Демократските сенатори планираат да разговараат со тројца блиски советници на Бајден во четврток.