Австралија ги предупреди граѓаните да се подготват за нови поплави

Сподели со своите пријатели

Австралиските власти издадоа предупредување до регионите во Нов Јужен Велс и Квинсленд, опустошени од поплави, да се подготват за полоши врнежи и бури во наредните месеци.

Сојузниот министер за вонредни ситуации Мареј Ват и порача на јавноста „да биде подготвен“ за нови поплави, додека владата на премиерот Ентони Албанес работи на воведување реформи за исплата на помош на погодените од катастрофата.

Бирото за метеорологија соопшти дека се предвидува дека поплавите ќе претставуваат најголем ризик од природни катастрофи во наредните месеци, многу поголем од пожарите или топлотните бранови низ целата земја, пишува Гардијан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија одбива да ја признае Палестина за да ги одржи односите со САД

Како што се наведува, особено во источните држави времето ќе биде многу влажно, со обилни врнежи од дожд и град.

Главниот климатолог на Бирото Грег Браунинг рече дека „има многу големи шанси за многу над просечните врнежи“ долж целиот источен брег.

Бидејќи многу од овие области веќе имаат големи количини на влага во почвата, предупреди тој, дополнителниот дожд нема да може да се апсорбира и наместо тоа ќе почне да тече во реките, предизвикувајќи нови поплави.

Според него, постои голема веројатност дека овогодинешната сезона на пожари ќе биде помалку опасна од претходните лета, но западот на Австралија и Тасманија би можеле да бидат „исклучок“ во овој поглед, бидејќи се очекуваат топлотни бранови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најавени 250 протести низ цела Франција: Се очекуваат 800.000 луѓе

Климатската прогноза на бирото за следните три месеци вклучува натпросечни врнежи од дожд во источните делови на земјата, со 70 отсто шанси за временски настан Ла Нинџа подоцна оваа година.