Австралиец тврди дека е таен син на Чарлс и Камила, бара ДНК тест

Сподели со своите пријатели

Сајмон Доранте-Деј (56) од Австралија тврди дека е таен син на кралот Чарлс (73) и Камила (75).

Loading...

Човекот, чие средно име е Чарлс, бара ДНК анализа за да докаже дека е во право.

Сајмон е роден на 5 април 1966 година во Хемпшир и моментално живее во Австралија.

Семејството кое го одгледало го посвоило кога имал само 18 месеци.

Човекот е убеден дека е плод на првата афера на славната кралска двојка, а е роден кога Чарлс имал 17, а Камила 18 години.

Доколку принцезата Дајана не умрела во сообраќајна несреќа во 1997 година, Сајмон тврди дека целиот свет би знаел за него.

– Верувам дека Дијана знаеше дека постојам и дека таа ја ‘положи коцката’. Мислам дека се повеќе наоѓаше одговори за нејзиниот живот, за тоа какво зло и е направено и сакаше да го објави тоа јавно – вели Доранте-Деј.

Тој бил посвоен од вработен во кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Многупати му кажувала кои се неговите родители.

Loading...

 

 

– Разговарав со судијата и неговиот адвокат за правниот статус на Чарлс и дали монархот е заштитен со закон или е над него. А одговорот на тоа беше дека не е и ми рекоа дека не гледаат причина зошто треба да се заштити. И второ, Камила и нејзиното семејство секако не се над законот. Така што тој аргумент е решен – вели Сајмон за 7News.

– Многу луѓе беа загрижени дека кога Чарлс ќе стане монарх ќе ми го уништи случајот. Но, нема правна разлика поради тоа и ќе поднесам тужба. Ќе се вратам на семејниот суд – продолжува тој.

Тој не се откажува од своите намери, но сепак бара ДНК анализа.

– Минатиот пат таму ми рекоа дека ако дојдам со добар доказ дека нема причина да го одбијат моето барање за ДНК тест и дека Чарлс и Камила ќе треба да одговорат на тоа. Не ми е гајле колку е висока планината, сепак треба да ја искачам за да го докажам тоа што знам дека е вистина. Од таа перспектива ништо не се смени – вели тој.

Тој се обидел да стапи и во контакт со кралицата Елизабета Втора, но не добил одговор.

Loading...

– Едноставно сум тажен. Нема одговор на писмото што го испратив и таа можност се затвори. Но, нејзината смрт разбудила и гнев бидејќи знаела што се случува – рекол тој.

– Тешко е именувањето на Вилијам за принц од Велс да не се сфати како шлаканица. Мислам дека Чарлс барем ми должи одговор. Ако не си ми татко, докажи го тоа. Се чувствувам отфрлено. Чарлс го доби она што го сакаше: го доби тронот, ја доби сопругата, доби сè. Сега е време да го добијам мојот среќен крај – додаде тој.

 

 

Инаку, Чарлс се ожени со принцезата Дијана во 1981 година, а се разведоа во 1996.

Во 2005 година Чарлс се ожени со својата стара љубов Камила.

Дијана и Чарлс ги имаат синовите Вилијам (36) и Хари (34), а Камила од бракот со Ендру Паркер Боулс (79) ги има ќерките Лора (41) и Том (44).

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.