Најмалку 18 лица загинаа во авионска несреќа на меѓународниот аеродром Трибхуван (КТМ) во Катманду, главниот град на Непал.
На местото на несреќата се пронајдени тела на пет лица, а некои локални медиуми објавија дека се пронајдени дури 18 останки, додека пилотот кој управувал со леталото, според првичните информации, го преживеал падот и бил пренесен во болница. пренесува Катманду пост.
Авионот Saurya Airlines Canadair CRJ-200ER со регистарски број 9N-AME, произведен во 2003 година, ненадејно се превртел за време на полетувањето и удрил во земјата со врвот на едното крило, се запалил и се урнал во близина на пистата.
Несреќата се случила во 11 часот и 15 минути по локално време, велат локални извори кои опширно известуваат за оваа несреќа.
Подоцнежните извештаи на кои се повикува DMN News вклучија и јеменски државјанин меѓу загинатите и дека 37-годишниот капетан Маниш Шакија бил пренесен во Универзитетската болница KMC со сериозни повреди.
Патниците во овој авион биле вработени како технички персонал во Saurya Airlines и требало да летаат од аеродромот Tribhuvan до аеродромот Pokhara (PKR) за да извршат поправки на еден од авионите.
Saurya Airlines е локална компанија основана во 2017 година која опслужуваше пет дестинации во три провинции во Непал со авиони Canadair CRJ-200ER.
#BREAKING : A plane has crashed at Tribhuvan International Airport. Sources at TIA reported that the aircraft skidded off the runway during takeoff as it was departing for Pokhara with 19 passengers. #Nepal #planecrash #TribhuvanInternationalAirport #skid #landing #airport… pic.twitter.com/ILnl0zQnZH
— mishikasingh (@mishika_singh) July 24, 2024