Атентаторот на Фицо префрлен од психијатриска болница во затвор!

Сподели со своите пријатели

Атентаторот на словачкиот премиер Јурај Цинтула е однесен од психијатриското одделение во затвор, јавува словачки Актуалити.

Loading...

Нему му се заканува 25 години затвор или доживотен затвор.

Цинтула утринава беше префрлен од локалната болница во окружниот суд во Тренчин.

Опкружен со специјалци во тренерки и со врзани раце помина покрај новинарите.

По денешната судска одлука, атентаторот повеќе нема да биде затворен во психијатриско одделение, туку ќе биде префрлен во стандардна затворска установа, што тој самиот го побарал.

На 15-ти мај минатата година, Цинтула пукаше со пиштол кон Фицо во градот Хандлова, тешко ранувајќи го словачкиот премиер, кој оттогаш закрепнал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 66 лица загинаа во пожар во хотел во Турција