Атеист од Нигерија осуден на 24 години затвор поради навреда на исламот

Сподели со своите пријатели

Мубарак Бала, 37-годишен атеист од Нигерија, е осуден на 24 години затвор поради богохулење.

Loading...

Бала е во притвор од 2020 година. Група муслимани поднела петиција до властите обвинувајќи го Бала за објавување несакани објави за исламот на социјалните мрежи.

Бала е од сојузната држава Кано и е една од државите со мнозинско муслиманско население, а покрај секуларните закони се практикува и исламскиот закон.

Да завршел на исламски суд, ќе му се заканувала смртна казна.

Експертите за човекови права на ОН и меѓународните групи за човекови права го осудија неговото притворање и повикаа на негово ослободување.

Бала се откажал од својата исламска вера во 2014 година. Потоа, наводно, бил однесен во психијатриска болница пред да биде пуштен.

Тој беше уапсен во 2020 година во соседната држава Кадуна и префрлен во Кано, неговата родна земја.

Нигерија е најнаселената земја во Африка и повеќето луѓе на нејзиниот претежно муслимански север и претежно христијански југ се длабоко религиозни.

Loading...