Компанијата “Space X“ на милијардерот Илон Маск ја лансираше својата „Falcon Heavy“ ракета, најсилната која моментално постои, а која во вселената однесе и автомобил на „Тесла“. И покрај тоа што Маск истакна дека нема да го следи автомоилот, тоа не беше последен поглед на него.
„SpaceX“ лансираше ракета „офлајн“ – Носела таен сателит на Владата на САД
Имено, италијански астрономи кои учествуваат во проектот „Virtual Telescope“ веќе успеале да го забележат патот на автомобилот низ Сончевиот систем.
Фотографиите ги направиле со помош на систем роботски телескопи во опсерваторијата Танагра во Арзина, само два дена по полетувањето на ракетата „Falcon heavy“.
SpaceX го планира она што досега не им успеа ниту на Facebook ниту на Google
Сепак, многумина беа разочарани со фактот дека на фотографијата не се гледа црвената точка, туку светлосен отсјај кој наликува на ѕвезда (на средината на фотографијата).
Трагот кој го оставил „Тесла роудстер“ исто така може да се види и на фотографијата подолу.