Астронаутите во вселената ќе користат посебна вода

Сподели со своите пријатели

Водата за пиење со нови, посебни својства ќе ги штити астронаутите од радијација во текот на долгите летови во вселената, вклучувајќи ја и мисијата на Марс, се наведува во извештајот на 17. Конференција за вселенска биологија и медицина одржана во Москва.

Loading...

– Водата за пиење со нови функционални својства ќе заземе посебно место во се поголемата отпорност на астронаутите на радијација. Од големо значење е лесниот изотоп на вода и водата со контролиран и оптимизиран минерален состав, се наведува во соопштението.

Посебно внимание мора да се обрати на спречувањето конзервансите од вода, како сребрените јони, да не доспеат во телото на астронаутите. Научниците исто така предлагаат астронаутите да спијат во посебни вреќи наполнети со вода.

– Предлагаме користењена вреќи полнети со мешавина од вода и гранули на полиетилен. Водата и полиетиленот содржат лесни елементи, вклучувајќи водород, кои пружаат ефикасна заштита од примарни и секундарни неутрони, се наведува во соопштението.

Leave a Reply