Технолошкиот гигант „Apple“ предничи во трката да стане првата компанија на светот вредна 1.000 милијарди долари или повеќе, според проценките на финанскиските експерти и инвеститори.
Тоа во 2018 година ќе биде можно, доколку цените на акциите на „Apple“ продолжат да растат како што тоа беше случај во 2017 година, пренесува „Економик тајмс“.
Loading...
Актуелната вредност на „Apple“ е 869 милијарди долари и моментално е пред матичната компанија на „Google“, „Alphabet“ чија пазарна вредност е 729 милијарди долари.
Акциите на „Apple“ минатата година скокнаа за 47 отсто.