Античка кралска гробница откопана во Луксор

Сподели со своите пријатели

Археолозите откопаа древна гробница во јужниот египетски град Луксор, познат по богатствата кои датираат од времето на фараоните, соопштија властите во саботата.

Loading...

Мостафа Вазири, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети, изјави дека египетско-британската мисија пронашла кралска гробница на античко место на западниот брег на Нил во Луксор, 650 километри јужно од главниот град Каиро.

Тој рече дека првичните тестови покажуваат дека гробницата припаѓа на 18-тата династија на фараонскиот Египет, која се протегала од 1550 до 1292 година п.н.е.

Гробницата е последното во низата антички откритија кои Египет ги промовираше во последниве години со надеж дека ќе привлече повеќе туристи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Египет се обидува да го оживее својот туристички сектор, главен извор на странска валута, кој во голема мера се потпира на историското наследство на земјата.