Меѓуградски автобус излета од патот во турската провинција Анталија, при што едно лице загина, а најмалку 40 се повредени, јави денеска ТРТ Хабер.
Loading...
Несреќата се случила во областа Газипаша, додека автобусот сообраќал од Анталија кон Адијаман во источна Турција.
„Возачот на автобусот изгубил контрола и возилото излетало од патот во ендек. Во несреќата се повредени 30 патници, како и возачот и двајца негови помошници“, објави ТВ каналот.
Осуммина од повредените се малолетни.
Повредените се пренесени во блиските болници, додава ТРТ.