Ана работи како гола чистачка и заработува 50 евра на час

Сподели со своите пријатели

Ана (24) започнала да работи како чистачка пред три месеци и тоа значително го променило нејзиниот живот, аона по што се разликува од работата на некоја друга чистачка е што Ана својата работа ја обавува гола.

Таа е дел од „Naturist Cleaners“, кои обезбедуваат професионални чистачки и чистачи кои ги посетуваат домовите и канцелариите на клиентите и обавуваат домашни обврски потоплно голи. Ана зработува 50 евра на час. Компанијата ја основала Лаура Смит во 2017. година поради зголемената побарувачка на клиентите за голи чистачки.

И покрај тоа што никогаш не посетила никакво нудистичко случување или место, Ана се чуствува пријатно кога е без облека и често била гола пред блиските пријатели, па одлучила да се пријави за работата.

Во Париз отворен парк за нудисти

Loading...

– Бев нова во нудизмот. Никогаш претходно го немам правено тоа, ниту сум била на нудистичка плажа или слично. Работев само во приватноста, но не бев неврозана затоа што совршено ми е пријатно да бидам гола. Ми беше многу угодно првиот пат затоа што се чувствував ослободено. Не знам зошто тоа ми се допадна, само така се чувствувам попријатно, изјавила Ана.

Она што најмногу ја исплашило е што не знаела кој ќе и ги отвори вратата на својот дом и дали ќе биде безбедна. Било навистина пријатно искуство, а клиентот бил многу љубезен и расположен за разговор. Ана има три до пет активности неделно, а заработува по 50 евра ако чисти гола еден час, а 25 евра ако е облечена.

– Сите киленти кои ги имав се сингл мажи. Беа со различни години, од доцни дваесети до педесети. Обично се многу професионални, рекла таа.

Една од главните задачи на „Naturist Cleaners“ е да го промовираат нудизмот како нешто сосема нормално. Нагласуваат дека нивниот сервис не е, и не би требало да се третира како секс сервис.

– Јас носам обична облека, како што се панталони и маица. Секогаш го прашувам клиентот да ми потврди дека никој друг не е дома и дека се сами. Исто така, мораат да ми потврдат дека не снимаат, да ми дадат пари однапред и да кажат што треба да се чисти. Дури тогаш се соблекувам. Поголемиот дел од времето бришам прашина затоа што куќите не се многу валкани. Обично се скоро чисти и им треба мало средување. Никогаш од мене не барале да правам нешто чудно, поголемиот дел од времето зборуваат со мене, додала таа.

Нејзините пријатели знаат со што се занимава, но нејзиното семејство не знае. Компанијата е во постојан контакт со неа додека работи, поради тоа и се чувствува многу заштитено. Препорачува на сите да се занимаваат со ваква работа, затоа што е пријатен и ослободувачки. Клиентите кои ги користеле услугите исто така се воодушевени со оваа искуство и го опишуваат како пријатно и професионално.

Правилата на компанијата се строги. Тие бараат клиентот да биде сам во домот, никако да не ја допира чистачката, а доколку се возбуди во присуство на гола чистачка, тие се обучени како да реагираат и да го смират клиентот. Забрането е да се контактира чистачката надвор од компанијата, а фотографирање и снимање било гола или облечена додека работи е строго забрането.

Leave a Reply