Американскиот енергетски гигант забележа рекордна заработка

Сподели со своите пријатели

Американската енергетска компанија Ексон Мобил ја затвори 2022 година со нето добивка од 55,7 милијарди долари, најголема во историјата на нафтената индустрија на Западот, пренесува Хина.

Loading...

Ова би значело дека Exxon заработувал 6,3 милиони долари секој час минатата година, забележува Ројтерс.

Во 2021 година компанијата работеше со нето добивка од 23 милијарди долари.

Кога ќе се исклучат трошоците, минатогодишната нето добивка беше 59,1 милијарди долари.

Зголемување на производството

Производството се зголемило за околу 100.000 барели нафта и гас дневно, на 3,8 милиони барели дневно.

Минатата година „Ексон“ во голема мера го надмина рекордот од 2008 година, кога нето добивката достигна 45,2 милијарди долари, а цената на барелот беше 142 долари за барел, што е за 30 отсто повисока од просекот во 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Вкупните приходи скокнаа за 44,8 отсто на 413,68 милијарди долари.

Останатите големи нафтени компании се очекува да соборат рекорди поради високите цени и зголемената побарувачка, што би можело да го доближи нивниот вкупен профит до 200 милијарди долари.

Loading...

Бран критики

Ова повторно поттикна бран критики кон нафтената индустрија, со чести повици до што е можно повеќе земји да воведат данок на нивниот дополнителен профит.

„Ексон“ соопшти дека нејзината добивка во четвртиот квартал од минатата година е намалена за 1,3 милијарди долари поради данокот на дополнителниот профит во ЕУ.

Компанијата одлучи да поднесе тужба против ЕУ, тврдејќи дека данокот ги надминува нивните овластувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни