Американски шпионски сателит лансиран во орбитата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американски шпионски сателит беше лансиран во орбитата од вселенската база Ванденберг во Калифорнија.

Loading...

Шпионскиот сателит „НРОЛ-91“ полета во 15:25 часот по локално време од базата Ванденберг, која се наоѓа во округот Санта Барбара, соопшти НРО, пренесува Танјуг.

Таен сателит за Националната канцеларија за извидување на САД беше лансиран во орбитата со ракета на United Launch Alliance Delta IV Heavy.

Тоа беше последното лансирање „Делта 4“ од западниот брег, а планирани се дополнителни лансирања од Флорида пред „Делтите“ да бидат заменети со ракетите „Вулкан Кентаур УЛА“ од следната генерација.

Конфигурацијата „Delta IV Heavy“ првпат беше лансирана во декември 2004 година.

Ова беше 387-ми лет на ракета Делта од 1960 година и 95-то и последно лансирање од Ванденберг.