Американски новинар останува во притвор во Русија

Сподели со своите пријатели

Дописникот на Волстрит журнал од Москва, Еван Гершкович ќе остане во притвор до 29 мај, одлучи Московскиот градски суд, отфрлајќи ја жалбата на новинарот за притвор.

Loading...

Гершкович е осомничен за шпионажа во врска со работењето на фабрики за оружје и тенкови на Урал.

За да го заштитат дописникот дојдоа многу колеги дописници и новинари, како и нобеловецот и главен уредник на Нова газета Дмитриј Муратов.

Тие тврдат дека обвинувањата се измислени и претставуваат политичка закана за слободата на говорот.

Кон крајот на мај, доколку дотогаш не почне судењето, Судот ќе одлучува за продолжување на притворот.