Американската држава Монтана целосно го забрани ТикТок

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на американската сојузна држава Монтана потпиша закон со кој се забранува работењето на ТикТок.

Loading...

Монтана стана првата американска држава која ја забрани популарната апликација.

Гувернерот Грег Џанфорте нагласи дека приоритет на предложениот закон е „да се заштити народот на Монтана од влијанието на кинеската комунистичка партија“, пренесува Хина.

Новиот закон, кој ќе стапи на сила во јануари 2024 година, забранува апликациите на TikTok да работат во границите на Монтана.

Законот предвидува можни казни до 10.000 долари дневно за прекршителите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“