Американец паднал во Везув, во обид да го фати мобилниот…

Сподели со своите пријатели

23-годишен Американец паднал во кратер на планината Везув во саботата наутро, откако се обидел да го извади својот мобилен телефон, кој претходно паднал во кратерот.

Loading...

Тој со пријателите планинарел по забранета пешачка патека, на која, според официјалниот извештај на италијанската полиција, имало јасно означени знаци кои забрануваат нејзина употреба поради опасност, јавува Си-Ен-Ен.

По падот, мажот се здобил со модринки и расекотини на рацете и грбот.

На местото на настанот му помогнала брзата помош, но тој не сакал да оди во болница на понатамошно лекување.

Со оглед на тоа дека туристите користеле забранета пешачка патека, италијанските власти ќе одлучат дали ќе ги казнат туристите за навлегување на забранета јавна површина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Останатите вести од светот може да ги прочитате ТУКА.