Американците откриле лажни лубеници полни со дрога

Сподели со своите пријатели

Американските цариници на американско-мексиканската граница запреле камион кој шверцувал дрога метамфетамин сокриена во лубеници во вредност од над 5 милиони долари.

Loading...

Дрогата била завиткана во пластика обоена во две нијанси на зелена за да личи на овошјето и била ставена меѓу вистински лубеници.

Запленети се повеќе од два тони метамфетамин во вкупно 1.220 пакувања.

Криењето на дрогата во храната, како што пишува Би-Би-Си, е вообичаен начин за шверц на нелегални супстанци преку границите, а најпопуларни се бананите, но неодамна наркотици се најдени во сирењето и авокадото.

Претставниците на американската царина и гранична заштита изјавија дека нивните агенти го запреле камионот со приколка на границата со Мексико во Отај Меса.

Документите покажале дека возачот превезувал пратка со лубеници, но при проверка биле откриени пакети со метамфетамин.

Возачот е предаден на службениците на Министерството за државна безбедност.

Оваа заплена се случи седум дена откако службениците на истиот граничен пункт открија речиси 300 килограми метадон во пратка целер.

Loading...

Двете заплени вредат вкупно 6 милиони долари, пишува CBS News.