Амбасадори на Словачка, Словенија и Полска во посета на Општина Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорите на Словачка, Словенија и Полска денеска беа во посета на Општина Куманово каде остварија средба со градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

На различни теми се разговараше денеска во просториите на општината со амбасадорите Хенрих Маркуш, Грегор Прескер и Кшиштоф Гжелчик, а Димитриевски средбата ја опиша како пријателска.

– Во опуштена атмосфера разговаравме како да се продлабочи соработката на Општина Куманово со овие нам пријателски држави. Досегашната соработка во континуитет функционира, се продлабочува и верувам дека Општина Куманово своето пријателство ќе го прошири на сите планови во овие нам пријателски држави, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Како што потенцираше тој, Куманово има потпишано меморандумз а соработка со градот Марибор во Словенија, а најави такви меморандуми и со градови во Словачка и Полска.

– На Куманово му се потребни пријатели, особено ние е важно што сите доаѓаме од едно говорно подрачје кое припаѓа на словенскиот народ и можеби тоа може да биде и една иницијатива за продлабочување на ваквата соработка со останатите држави кои припаѓаат на оваа група јазици, рече градоначалникот.

 

 

Средбата е во посредништво на здружението „Добредојде Македонија“ кое има за цел промоција на Македонија, нејзината култура, историја и традиција.

– Денеска во промоција на оваа македонска култура сме во Куманово во соработка со општината и амбасадите во Македонија. Оваа активност годинава почнавме да ја работиме во соработка со Словенија и имаме за цел што повеќе општини да посетиме, што повеќе можности да ги запознаеме со убавините на нашата земја, со историското и културно наследство на нашата земја, изјави Емилија Миладинова Аврамчева, претседател на здружението.

Loading...

 

 

Грегор Прескер, амбасадор на Словенија во Македонија, вели дека е чест да се биде во Куманово, со цел запознавање со културата, економијата и можностите на општината.

– Голема благодарност на градоначалникот на добриот разговор и претставување на вашата општина и имавме разговор како да биде соработката продлабочена меѓу нашите општини и земји. Ние како Словенија сме долго присутни во вашата земја и во Куманово имаме еден интересен проект во ваше средно училиште, изјави амбасадорот Прескер.

 

 

Loading...

Ова е веројатно и поселдна официјална посета на амбасадорот на Полска, Кшиштоф Гжелчик, кој наскоро ќе ја напушти Македонија.

Никола Ивановски