Ал Каеда објави снимка со гласот на Ал Завахири: Се веруваше дека е убиен од Американците

Сподели со своите пријатели

Ал Каеда објави 35-минутна снимка за која тврди дека го содржи гласот на водачот Ајман ал Завахири, за кој се верува дека е убиен во американски напад во 2022 година, соопшти во петокот разузнавачката група SITE.

Loading...

Точниот датум на снимката не е познат, а транскриптот не го означува јасно временскиот период во кој таа можела да биде креирана.

Завахири беше убиен во американски напад во Авганистан, што е најголемиот удар за милитантната група откако нејзиниот основач Осама бин Ладен беше убиен во 2011 година.

Завахири се криеше со години, а операцијата насочена кон негово лоцирање и убиство е резултат на „внимателна, трпелива и упорна“ работа на антитерористичката и разузнавачката заедница, изјави висок претставник на американската администрација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Ал Каеда не именуваше наследник. Но, експертите го гледаат Саиф ал-Адел, мистериозниот поранешен припадник на египетските специјални сили, кој беше висок припадник на Ал Каеда, мистериозниот, самобендисан, како кандидат за лидер.

САД нудат награда од 10 милиони долари за информација која би довела до негово апсење, пишува Јутарњи лист.