Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери, според објавата на порталот Актуел на албански јазик, во еден ден, поточно на 20 мај 2015 година, потпишал 154 решенија за вработувања на млади референти во неговиот сектор.
Loading...
Согласно огласот, како што наведува порталот, се барало кандидатите да имаат вишо или пак средно образование.
Повеќето од вработените ќе имаат статус на државен службеник, а меѓу новите вработени има и работно место самостоен референт за стратегија, планирање и следење на работите во Секретеријатот за спроведување на Рамковниот договор.