„Дебел вепар“ паб во Рекшем, започнал акција за потикнување на муштериите да се дружат и зборуваат. Ако го остават мобилниот телефон на влезот, добиваат попуст до 25 отсто на се што ќе јадат во пабот.
Акцијата се организира во понеделник и многу бргу станала популарна. И тоа не само локално туку и многу муштерии на социјалните мрежи го пофалиле пабот, а луѓето ширум светот им се приклучиле во позитивната оценка.
Loading...
Менаџерот на „Дебел вепар“, Риш Воткин, рекол дека и самиот е многу зависен од мобилните телефони и дека голем дел од времето го минува гледајќи во екранот, најмногу поради работата.