Ако Финска и Шведска влезат во НАТО, Русија ќе распореди нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Русија се закани дека ќе распореди нуклеарно оружје во и околу регионот на Балтичкото Море доколку Финска и Шведска се приклучат на Северноатлантската алијанса, пишува Блумберг.

Loading...

„Во тој случај, не може да стане збор за ненуклеарниот статус на Балтикот“, рече Дмитриј Медведев, заменик-шеф на Советот за безбедност и поранешен претседател, сугерирајќи дека Русија може да распореди ракети Искандер, хиперсонично оружје и бродови со нуклеарен погон во регионот.

 

Зеленски одби да го прими германскиот претседател, Германија изненадена и навредена

 

Коментарите на Медведев се меѓу најдеталните закани што Русија ги упати во врска со изгледите дека нејзините северозападни соседи би можеле да се приклучат на Алијансата по децении апстиненција, пишува Блумберг.

Оваа недела Финска и Шведска изразија подготвеност да размислат за влез во НАТО по руската инвазија на Украина.

Иако иницијативите за размислување за членство во НАТО беа покренати дури по инвазијата во двете земји, Медведев тврди дека Русија и нејзината војна во Украина не се виновни.

Loading...

Во исто време, тој сугерираше дека иако држењето на Украина надвор од западниот сојуз е клучна цел на операцијата на Русија во Украина, тие на ситуацијата со Шведска и Финска гледаат поинаку.

 

Едни се потпираат на герилци, други на нуклеарки: Ова се 10 држави најтешки за освојување!

 

„Немаме територијални спорови со тие земји како со Украина. Затоа цената на нивното членство е различна за нас“.

Медведев рече дека се надева оти „разумот“ ќе надвладее и дека земјите ќе одлучат да не влезат во Алијансата.

„Но, ако го сторат тоа, тоа ќе ја удвои должината на копнената граница на Русија со Алијансата“, рече тој. Во тој случај, ние треба сериозно да ги зајакнеме нашите копнени и противвоздушни сили и да распоредиме значителни поморски сили во басенот на Финскиот залив“, рече тој.