Акција на МВР во Куманово – на мета група што криумчарела мигранти

Сподели со своите пријатели

Во околината на Куманово во тек е полициска акција за разбивање на криминална група што криумчарела мигранти. При реализацијата, во 4 часот и 30 минути кај селото Доброшане, пресечен е транспорт на седум мигранти, кои од земјава сакале да ги пренесат тројца македонски државјани.

Loading...

Забележано е големо присуство на полицијата. На влезот од Куманово рано наутро според локалните жители имало десетина полициски џипови и оклопни возила, а се забележува и зголемено полициско присуство во градот.

Од МВР потврдуваат дека  во тек е организирана акција за разбивање на криминална група која подолг период криумчарела мигранти од Блискиот Исток која ги префрлувала мигрантите на границата со Србија.

Акцијата се уште трае и  има приведени.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.