Акции за кабаст отпад следните пет дена во Куманово

Сподели со своите пријатели

Почнувајќи од утре, па во следните пет дена на подрачјето на Куманово ќе се спроведуваат акции за собирање кабаст отпад.

Loading...

Како што информираат од Општина Куманово, проектот ќе го работат со Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, а по насоки од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Грашаните ќе можат да го депонираат кабастиот отпад на три локации од 15:02 до 20.02 и тоа: паркинг кај Спортската сала, паркинг кај ТППЕ Куманово (пожарна) и паркинг во урбана заедница Гоце Делчев (кај кошеви).

Ваквите акции, како што додаваат од општината, ќе продолжат и во месец март и април.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово

Никола Ивановски