Агент на Мосад погубен во Иран: Обвинет дека работел за израелското разузнавање

Сподели со своите пријатели

Наводен агент на израелската разузнавачка служба Мосад е егзекутиран денеска во иранскиот град Захедан, јави официјалната иранска новинска агенција ИРНА.

Loading...

Агенцијата истакна дека тој комуницирал со странски служби, вклучително и со Мосад и дека собирал доверливи информации за нив.

Името на лицето кое беше погубено не беше соопштено, објави Ројтерс.

Се вели дека агентот му предал доверливи информации на офицер на Мосад со наводна цел да промовира пропаганда за групи и организации кои се против Иран.

Не е наведено каде се случило наводното предавање на информациите. Не е јасно ниту кога е уапсен агентот, но Ирна објави дека неговата жалба е одбиена.

Егзекуцијата е извршена во затвор во градот Захедан, во провинцијата Систан-Балучистан, на југоисток од Иран.

Само еден ден претходно, милитантите во таа провинција нападнаа полициски станици и убија 11 припадници на обезбедувањето и рани неколку други.

Во судирите кои следеа беа убиени двајца членови на милитантната група Џаиш ал Адл.

Loading...

Државниот погреб на полицајците се одржа денеска.

Провинцијата Систан-Балучистан, која се граничи со Авганистан и Пакистан, долго време е место на чести судири меѓу безбедносните сили и сунитските милитанти.

Мнозинството од населението на покраината се сунитски муслимани, додека мнозинството Иранци се шиити.