Аеродромот во Истанбул е најпрометниот во Европа

Сподели со своите пријатели

Аеродромот во Истанбул бил најфреквентен во Европа со просечни 1,52 илјади летови дневно во периодот од 14 до 21 август, јавува Anadolu Agency.

Loading...

Европската асоцијација за безбедност на воздушниот сообраќај го објави Европскиот извештај за воздушен сообраќај за периодот од 14 до 21 август.

Според резултатите од извештајот, аеродромот во Истанбул бил на прво место меѓу најпрометните европски аеродроми со просечни 1,52 илјади летови дневно.

Следува аеродромот Шипхол во Амстердам со просечни 1,37 илјади дневни летови и парискиот аеродром Шарл де Гол со 1,34 илјади летови.

Минатата година на аеродромот во Истанбул слетале и полетале 425,89 илјади авиони, додека патничкиот сообраќај изнесувал 64,3 милиони.