Администрацијата во петок наместо 8 ќе работи 4 часа, предвидува новиот предлог закон

Сподели со своите пријатели

Јавната администрација во петок ќе работи само 4 часа, ова е новиот предлог закон според кој ако работното време им почнува во 8 часот наутро, дома ќе можат да си заминат уште во 12.

Loading...

Измените ги предвидува новиот закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија.

Доколку законот биде изгласан, наместо 40 часа неделно, административците ќе работат 36 часа. Тоа значи по осум часа од понеделник до четврток и четири часа во петок.