Фејсбук воведува сопствена криптовалута

Сподели со своите пријатели

Коампанијата Фејсбук планира да лансира сопствена криптовалута и систем за дигитално плаќање во десетици земји од 2020 година, пишува ВВС.

Loading...

Фејсбук до крајот на годината ќе започне тестирање на криптовалута наречена Global Coin а се ќе биде попознато оваа лето.

Марк Зукерберг минатиот месец разговарал со гувернерот на британската Централна банка Марк Карни за ризиците и можностите кои со себе ги носи лансирањето на дигиталната валута.

Тие преговараат и со компании за пренос на пари, вклучително и „Western Union“, зада утврдат што поевтин и побрз начин за испраќање и примање пари без банкарска сметка.

Наводно преговараат и со бројни интернет трговци за да ги потикнат да ја прифатат Фејсбук валутата како средство за плаќање во замена за пониски трансакции.

Неодамна и американскиот Сенат бараше од Зукерберг да објасни како ќе функционира валутата и каква заштита ќе се нуди на потрошувачите и нивните податоци.

Leave a Reply