Властите во Индонезија неодамна објавија дека својата престолнина ќе ја изместат од Џакарта, која е прменогу загадена, валкана и која за жал тоне, а целиот тој процес државата ќе ја чини 33 милијарди долари, пренесува РТ.
Велат дека е неопходно оваа одлука да се спроведе, но праксата вели дека преселувањето на престолнината е ретко практична задача. Дали ова идеја може да заживее и да даде резултати или е во прашање само празна приказна?
Историјата на нови престолнини е толку долга, колку и организирањето влади, од плановите на Алексадар Велики својата да ја премести во Вавилон, преку Константин Велики основачот на Константинопол до Петар Велики кој го создал Санкт Петербург.
Овој тренд се забрзал во текот на минатиот век, а ова идеја обично потекнува од оние луѓе кои сакаат да ја исчистат државата и по нешто некој да ги памети.
Енеска барем според пишувањето на светските медиуми постојат бројни држави кои имаат нефункционални престолнини, кои можеби исто така би можеле да се изместат.
Пример за модерен град кој е наменски граден за да биде престолнина е Бразилија, која е изградена за помелку од четири години во 60те. Се наоѓа во самото срце на Бразил и наводно подобро ја претставува земјата од Рио де Женеиро.
Меѓутоа, странските медиуми пренесуваат дека таа всушност се наоѓа среде ништо и дека е илјадници километир одалечена од главните економски и социјални центри.
Астана е престолнина на Казахстан која во март доби ново име Нур-Султан, по својот творец и скапа е и модерна, но неопходна и ветровита.
Има и такви експерти кои мислат дека би требало британските владини институции да се префрлат од Лондон во Манчестер, за да се намали пренаселеноста, притисокот на цените на становите и нееднаквиот економски раст.