Човекот кој „владеел“ со природата: Тврдел дека може да направи дожд и успеал во тоа

Сподели со своите пријатели

Во САД во 1916 година се случил настан за кој и денес се зборува, кога човек кој тврдел дека може да предизвика дожд навистина успеал во тоа. Но, проблемот настанал кога дождот со денови не престанувал да паѓа, при што пукнала блиската брана и насипот го потопил Сан Диено, кгоа однел и животи на голем број мештани.

Loading...

На 30 јануари 1916 година биле извелечени поголемиот дел од телата на настраданите, а останал пустош. Повеќе од 22 струшени мостови, стотици мртви грла добиток на ливадите. Водата однела домови, силоси, уништила цели населби заедно со луѓето во нив. На брегот на Сан Диего лежеле огромни карпи, челични плочи и бетонски блокови – остатоци од срушената брана Отај меса, 19 километри од местото каде што се наоѓала, пушува во 1970 годин „Журнал оф Сан  Диего хистори“.

Околу 40 километри кон внатрешноста, на брего на второто вештачко езеро, лејк морен, чрлс Хатфилд и неговиот брат ги пакувало апаратите кога кај нивниот сосед, чуварот на браната Морен Свенсон, заѕвонил телфонот. Еден човек прашал дали Харфилд е тука, затоа што неговите пријатели сакаат да дојдат и да го убијат.

Како започнало се?

Приказната започнува пролетта 1902 година, на еден јанч во Јужна Калифорнија, каде тогаш 27-годишниот Чарлс живеел со родителите, браќата и сестрите. Работел како продавач на шивачки машини, но секој слободен момент го минувал во својата сопствена страст – метеорологијата. Со часови изучувал стручна литература, вклучитлено и она која се занимава со „вештачко произведување дожд“.

Бидејќи, можноста на влијание врз природните сили како дождот, го фасцинирала, претвроил кула на ветерница на ранчот во метеорлошка лабораторија. Во џиновски чинии доведувал хемиски супстанци до испарување и следел како делуваат на облаците и врнежите. И навистина од праил од јуни 1902 година во таа област се забележани чести врнежи. Хартфелд подоцна тврдел дека тие биле негова заслуга.

Loading...

По повеќедецениски експерименти составил тајна комбинација од 23 хемикалии, која според негови сознанија, создавала дожд.

Работата цутела. Во тоа време Калифорнија ја погодиле долготрајни суши, кои создавале проблеми на фармерите. Хартфилд им ги нудел услугите, без никаков ризик, ако нема дожд не мора да му платат. Стотици фармери ја прифатиле понудата и набргу станал баран и во другите американски дрќави. И покрај тоа, го биел глас дека е шарлатан, а многумина тајно се договарале со него.

Се прославил во 1904 година кога го ангажирале фармери од Лос Анџелес, каде дожд немало три години. Му понудиле 50 долари, ако за два дена падне дожд. Тоа и се случило, дождот не само што паѓал, туку не престанал цела недела.

Властите во Сан Диего, кои биле загрижени за опстанокот за сопствениот резервоар за вода, побарале помош во 1915 година. Хартфилд им рекол дека без поблеми може да направи „дожд“ и да го наполни резервоарот за хонорар од 10.000 долари. Градскиот совет прифатил.

На први јануари 1016 година, Хартфилд и неговиот брат Џоел подинале логор на брегот на вештачкото езеро Морен: мерни инструменти, проѕирен шатор во кој имало лабораторија и кула за испарување на непознати хемиски супстанци. На петти јануари паднале првите дождовни капки, а пед дека подоцна лиело.

Свенсон и неговата сопруга дошле да им честитаат на соседите.

Loading...

– Ова не е ништо. Почекајте неколку недели па ќе видите што е дожд, рекол тој.

Неговите прогнози се оствариле. Дождот не прастанувал. Водата ги преплавила улиците и железничките пруги, соборила телефонски столбови и го отсекла Сан Диего од светот.

Реките Тихунана и Сан Диего се излиле преку брегот. Јачината на водената маса носела и бетонски столбови. Реката носела и откорнати дрвја, куќи и стада угинати животни. Онаа најлошото, сепак допрва следело.

На 27 јануари 1916 година се срушила браната Лоур Отај, тид од делови на карпи, бетон и челик кои попуштиле под притисок на 60 милијарди литри вода од езерото. Поплавниот бран одел кон веќе опустошениот Сан Диего.

Хартфилд едвај избегал од гневот на граѓаните. Бидејќи соседите му ги раскажале заканите преку телефон, Чарлс и неговиот брат пеш тргнале на пат бегајќи од граѓаните.

Кога Хартфил починал на 12 јануари 1958 година, науката одамна посветила „вакцинација“ на облацит есо хемикалии со цел произдовство на дожд.

Дали Хартфилд навистина бил шарлатан никогаш нема да знаеме, бидејќи формулата за чудното средство за правење дожд ја однел во гроб.

Leave a Reply