Доколку немате доволно можности или време да одите на депилација во козметички салон, тогаш ние ќе ви понудиме рецепт кој може да го испробате во домашна атмосфера.
Смесата е мешавина од шеќер и лимон, а природната база е одличен рецепт за сите оние кои имаат алергиски реакции. Единствен проблем е што не е препорачлива за дамите кои имаат проблем со проширени вени и кои се склони кон пукање на капиларите.
Доколку се решите да ја пробате египетската депилација која ја користела и самата Клеопатра, ќе ви бидат потребни следните состојки:
400 гр. шеќер
60 мл. лимонов сок
60 мл. вода
Во сад ставете ги потребните состојки, загрејте ги на тивок оган и постојано мешајте. Откако смесата ќе добие мед боја, отстранете ја на страна и причекајте додека се олади за да можете да ја нанесете.
За проба, со прст пробајте дали смесата е доволна оладена и имајте во предвид дека интимните делови се многу почувствителни. Во меѓувреме исечете си ленти, кои ќе ги нанесувате врз восокот за полесно отстранување.
На крајот, искористените парчиња исфрлете ги, истуширајте се и нанесете пудра во прав на местата кои сте ги депилирале.
Извор: fashionel.mk