Пијавиците инаку се сметаат за слаби торнада, а обично се јавуваат кога студениот воздух се надвива над топла морска вода. Морето како избор на влажност дополнително помага во развој на голема нестабилност на атмосферата и облаите.
Се состои од водени капки кренати од морската површина и кондензирани капки во облакот. При струење на топлиот и ладниот воздух се развиваат облаци кои пијавицата ја хранат со енергија. На височина топлиот воздух се лади, станува потежок од околниот и паќа во форма на студена струја која со кондензација предизвикува појава на врнежи на задната страна на облакот. Кога ослабнува изворот на топол воздух обично пијавиците исчезнуваат.
Пијавиците се шират и пониско кога влажноста на воздухот е поголема. Доколку се счучи од морето да преминат на копно, пијавиците стануваат разорни, но многу бргу исчезнуваат.