Оваа мачка стана вистински полицаец: Положи заклетва и секој ден оди на работа во станица (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Мачката Донут стана полноправен член на полициската станица од местото Треој во близина на Детроит. Од моментот кога полицијата ја пронашла и ја спасила, Донут станала вистински миленик помеѓу вработените, па добила можност да стане член на полициската станица. И тоа навистина се случило – мачката положила официјална заклетва пред судиите Кристен Нилсен Хартиг и Маурин Мекгинис, пишува Метро.

Донут добила значка и веднаш започнала да им помага на своите клеги во работата на социјалните мрежи. Таа привлекува внимание кога се работи за проблеми во општеството, како возење во пијана состојба.

Loading...

Иако одлично се покажала во оваа „задача“, Донут наскоро би може да напредува, т.е. да стане терапевтска мачка која ќе нуди емотивна помош на жртви од злосторства за време на полициските испитувања.

– Мислевме да набавиме куче за потребите на односите со јавноста, а тогаш мисливме дека можеме да набавиме и мачка. Немавме јасна идеја како тоа навистина ќе изгледа. Многумина од нас во станицата навистина сакаат мачки и водвме како другите станици користат животни за комуникација со заедницата и како свои маскоти, објаснува Меган леман, членка за јавно информирање од Полициска станица Трој.

Меган објаснила дека мачката кај нив е од месец мај и дека живее со еден полицаец кој ја доведува во станицата неколку пати неделно.

– Кога Донут ќе порасте се надеваме дека ќе може да им помага на жртвите кои ќе доаѓаат во станицата. Кога ќе има малку повеќе енергија, заклучила таа.

Leave a Reply