По грешка ослободен од затвор, за два часа сопругата повторно го вратија зад решетки

Сподели со своите пријатели

Американецот Џејмс Рајнерсон (38) мислел дека конечно му се насмевнала среќата, кога неодамна бил пуштен дома од затворот во Колорадо, каде го чекал судењето поради закани, насилно однесување и кривични пријави. Сепак, се испоставило дека е пуштен по грешка и неговата сопруга го вратила во затворот само два часа откако се вратил дома.

Невообичаената ситуација се случила кон крајот на минатиот месец, а Рајнерсон, за среќа, заминал дома мислејчи дека конечно е слободен.

Работи поради кои во Дубаи можете да заглавите во затвор

Loading...

На негово изненадување, таа не била толку среќна од околностите поради кои се нашол на слобода, па веднаш го одвезла назад. Несреќниот Рајнерс накратко го почуствувал вкусот на слободата, но за нешто помалку од два часа повторно се нашол зад решетки.

Како дошло до забуна?

Се започнало кога Рајнерсон добил цимер во ќелијата, Марвин Марч (35). Марч по кратко време бил префрлен во друга ќелија, но листата на која бил заведен како цимер на Рајнерсон не била благовремено ажурирана, па чуварите на денот кога Марч требало да биде пуштен, од ќелијата ја изнеле единствената личност која била во неа, токму Рајнерсон.

Чуварите сфатиле дека дошло до грешка кога Марч им пришол и прашал кога ќе биде ослободен.

Не е јасно дали Рајнерсон знаел дека е во прашање грешка, но чуварите секако направиле сериозен пропуст затоа што не го провериле идентитетот на затвореникот кога го пуштале на слобода.

Албански затвореник си отворил профил на Инстаграм и ги исмева британските затвори (видео)

Сепак, Рајнерсон поракј претходните, на терет сега има и обвинение за бекство и фалсификување, а неговата сопруга добила пофалби затоа што направила исправна работа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 200 убиени во масакрот во главниот град на Хаити

Leave a Reply