Бродовите кои се нашле во близина на овој остров веднаш исчезнувале (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Изолираните Магдаленски острови се дел од заливот Сен Лорен во Канада, кој се состои од осум поголеми и неколку помали острови. За нив велат дека се „домот на бродоломите“ затоа што тука се насукале помеѓу 500 и 1.000 бродови.

Тие се сметаат за составен дел од канадската покраина Квебек.

Бродовите кои од било која причина се упатувале од Европа во Квебек, обично ја искусиле истата судбина: одеднаш скршнувале од патот и останувале насукани на песочните плажи и плитките води на островот Магдален.

 

Loading...

 

Магдален е излирано среде заливот, а неговиот архипелаг има форма на јадица. Плитката вода околу архипелагот, непредвидливите временски услови и недостатокот на светилници во 18 и 19 век биле кобни за бројни бродови.

Се претпоставува дека во тоа време тука се насукале од 500 до 1.000 бродови кои од Канада пловеле кон Европа.

За време на само една бура потопени биле дури 48 бродови.

 

 

Голем број членови на екипажот страдале во овој дел од светот, а оние кои преживеале се населиле на островот.

На Магдаленските острови денес живеат нешто над 12.000 жители, обично потомци на преживеаните од некогашните бродоломи. Некои домови на островите се направени дрвени даски од бродовите и од другите спасени материјали по несреќите.

Поголемиот дел од жителите зборуваат француски јазик, а има и жители на кои мајчин јазик им е англисиот, а кои обично потекнуваат од преживеаните луѓе од Англија, Ирска и Шкотска.

 

Loading...

 

Многу од бродовите кои се насукале на овие острови се сокриени на дното на морето во различна состојба на распаѓање, а обично единствено што од нив останува е дрвото. Неколку остатоци од бродовите и натаму се видливи од плажите, како бродот на грчкиот бродосопственик Аристотел Оназис, чиј брод се насукал на Магдален островите во 1963. година.

Островот Магдален е место на неверојатни контрасти, сончевиот ден мож да се претвори во бура, а убавината мора бргу да стане опасност, особено за време на риболовната сезона.

Leave a Reply